Welcome to Mimaco Wood - Macedonia
Компанијата Мимако Вуд е основана 1998. Лоцирана е во Скопје на 7000 м2 сопствено земјиште, на која се изградени повеќе производни погони, стоваришта, изложбен и административно деловен простор. Располага со комплетен возен и товарен парк.
Основна дејност на компанијата е комплетно снабдување на македонскиот пазар со сиот плочест материјал почнувајќи од оплеменета иверка, фурнирана иверка, МДФ(медијапански) плочи, ОСБ плочи, кујнски работни плочи, пост-форм елементи во сите димензии и декори, како и соодветни кант траки, оков и асесоари. Компанијата исто така со помош на современи машини и преси врши фурнирање и оплеменување на сирови плочи со атрактивна палета на фурнири, ПВЦ и ПЕТ фолии. Во склоп на основната дејност, со помош на современи ЦНЦ машини се врши и комплетно сервисирање, раскројување, кантирање, обработка и доработка на плочестиот материјал.